речник контакт

Златниот стрип и прва награда на меѓународниот стрип конкурс за „Древниот“

На 18-тиот меѓународен стрип конкурс стигнале 176 дела и за прв па побројни се македонските автори

Петар Печков

Стрипот „Древниот“ (ТHE ANCIENT)  на авторите Марко Стојановиќ од Србија- сценарио, Милорад  Вицановиќ  Маза од БИХ цртеж и Аљоша ТомиЌ од Србија  –колор се добитниците на првата награда на 18-тиoт меѓународен стрип конкурс кој го распиша Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес. Тие и се добитници на паричната награда која ја обезбеди Општина Велес.  

Второто место на овој конкурс го поделија  Дејан Богојевиќ од Србија- сценарио,  Ана и Сара Живковиќ цртеж и колор сите од Србија за стрипот „Напад“, заедно со Романецот  Даниел Данил за стрипот „CLOCOCIOV“.

Третото место жирито им го додели на Катерина Тери Николова- цртеж и Александар Стеванов  сценарио за стрипот „Приказна за безбојното мече“ и на  Исмет Ердиќ  од  БИХ за стрипот „Превид“.

Награда за најдобар  македонски стрип освои Ѓорги Антевски од Куманово за стрипот „Катарза“ а  за најдобро сценарио Предраг Гуриќ од Србија  за стрипот „Последниот Италијан“ .

На конкурсот е пријавиле и стигнале стрип дела од  176 автори и за прв пат од сите досега одржани конкурси има повеќе трудови од Македонија - 106, отколку од останатите држави.  

Организаторот вообичаено наградата ја доделуваше на Меѓународниот стрип салон, кој годинава поради ковид-19 нема да се одржи, па Стрип центарот размислува во Ликовен салон да организира изложба каде ќе ги презентира пристигнатите и наградени трудови.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »