речник контакт

Злосторство на островот на козите - премиера на Велешкиот театар

Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов - Џинот‘‘ во Велес во вторник премиерно ќе ја изведе претставата „Злосторството на островот на козите‘‘ текст на италијанскиот писател Уго Бети во режија на Деан Дамјановски.

Петар Печков

 

Дејството се случува во 50-тите години на 20 век  на еден сиромашен остров на југот на Италија и претставува криминална драма. Претставата е изведувана ширум светот,а во Македонија првпат беше  режирана од Зоја Бузалкова  и изведена во 2002 од студенти на ФДУ од Скопје. Ова ќе биде прво претставување на професионална театарска сцена во Македонија.

Режисерот Дејан Дамјановски, кому ова му е четврта премиера во Велешкиот театар, на прес-конференција рече дека авторот Бети бил правник и судија и преокупиран со човечката природа, природата на злото  и егзистенцијалната вина  што ја чувствува човекот.

Самиот автор често прибегнува кон формата на криминални мистерии во своите текстови, а  и овој не е исклучок. Станува  збор за едно конкретно злосторство  кое се извршува на еден запуштен остров изолиран од светот. Тоа е почва   за нашата претстава која по формата би ја нарекле  еден вид фарса за ужасот, што човекот го чувствува и обзема кога ќе се погледне во  огледало, кога ќе се соочи со самиот себе - рече Дамјановски.

Во претставата играат  актерите Слободанка Чичевска, Кица Ивановска, Кети Борисова, Роберт Ристов, Самоил Стојановски  и Кирил Гравчев.

Оваа е трета премиера  на Велешкиот театар во 2010-та, по  претставите „Баханалии“ и „ Генерална проба за самоубиство“

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »