Петар Печков
Објавено: сабота, 23 јануари 2016
Само три вида отровни змии, единаесет вида смокови, еден вид црвовидна змија и еден степски удав, што е вид боа, можат да се сретнат во земјава.
Едни од најопасните змии се отровниците поскокот, шарката и степската лутица, а од полуотровните се сретнуваат смоковите вдлабнаточелен и телескопус (мачји смок, мачја змија). Од 0-2000 метри надморска височина живее поскокот, на поголеми височини се појавуваат шарките, а само на Шар Планина и Бистра (можно е да е присутна и на други планини во западна Македонија) може да се види степската лутица.
Овие видови змии се специфични бидејќи имаат триаголна глава што е поголема од телото, за разлика од другите змии, на кои главата им е како врзана со телото. Поскокот има и специфично рокче на главата, а шарката и степската лутица, меѓу другото, се разликуваат по распоредот на лушпите на главата.
Научен назив Македонски назив
Coronella austriaca Планински смок или Медена змија
Dolichophis caspius Жолт смок
Elaphe quatuorlineata Ждрепка
Eryx jaculus Степски удав или песочница
Hierophis gemonensis Балкански смок
Malpolon monspessulanus Длабочелен смок
Natrix natrix Белоушка
Natrix tesellata Рибарка
Platyceps najadum Тенок стрелец или змија-житка
Telescopus fallax Мачја змија
Typhlops vermicularis Црвовидна змија
Vipera ammodytes Поскок или камењарка
Vipera berus Шарка, лутица или осојница
Vipera ursinii Остроглава шарка
Zamenis longissimus Шумски смок или Ескулапов смок
Zamenis situla Леопардов смок
Tweet |