речник контакт

Знае ли некој каков воздух дишеме

ПМ10 честичките во време на најголемо загадување, во Велес не се мерат три седмци

Петар Печков

Од 27-ми декември велешани не знаат каков воздух дишат. И покрај тоа што локалните власти на Велес реагирале дo Министерството за животна средина, од таму засега нема доказ дека тие нешто презеле. Бидејќи и натаму нивната апаратура во градот не работи.

Само од МЖС  кажаа дека  имаат проблеми со мерните апарати, но резултати и натаму нема.  Поточно не се покажуваат вредностите за ПМ 10 честичките, кои се опасни по здравјето. 

Вредностите на чад и ЅО2 се со ниски вредности.  Пред десетина дена за ваквата состојба реагираше и екологистот од  ЕГ ,,Зелена сила,, Игор Смилев.

Во зимава, во најголемото загадување, ние не знаеме  каков воздух дишеме. Мерните инструменти повеќе грешат, не работат и не покажуваат каков е квалитетот на воздухот, што е недозволиво - вели Игор Смилев од ЕГ ,,Зелена сила,,.

Надлежните од локалната власт ја предупредija јавноста во градот, да не се  залажуваат  и не ги споделуваат вредностите кои ги покажува апликацијата ,,Мој воздух,,. Тој не ги мери  суспендираните честички, популарните ПМ 10.  Затоа  се покажува дека квалитетот на  воздухот во Велес е добар до одличен.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »