Петар Печков
Објавено: петок, 28 април 2017
На една од знаменитостите на Велес, Градскиот саат во текот на вчерашниот ден, одреден период беше поставено знамето на Здружението ,,Андон Ќосето,,. На јавни површини и објекти, без согласност на локалната власт не може да се закачуваат други обележја освен државните и општинските е законската регулатива. По некое време знамето го снема, остана само на Република Македонија.
Македонското знаме е поставено поради одбележувањето на годишнината од Солунските атентати и оддавање почит на Гемиџиите. За ова другото ниту го имам видено, ниту некој барал дозвола ниту добил. Ќе испитам што се случило – изјави градоначалникот Славчо Чадиев, на прашањето од ТрМр за поставувањето на ова знаме.
Тој негираше дека и македонското знаме е поставено по барање на некое здружение, туку напротив по негова иницијатива. Знамето на здружениот на Ќосето две дена беше актуелно по фесјбук профилите.
Tweet |