Петар Печков
Објавено: понеделник, 30 март 2020
„Патот беше долг и тежок, а наградата ја заслуживме. Да се запише дека денеска е ден за паметење, ден – историја“, рече премиерот Оливер Спасовски, кој со сите членови на Владата го следеше овој историски момент од Скопје, кога македонското знаме се развиори во Брисел.
Ова е историски момент за Северна Македонија и доаѓа по години посветеност и заложба за реформите изјави генералниот секретар Јенс Столтенберг.
А историскиот чин на кревањето на македонското знаме пред седиштето на НАТО во Брисел, ТрМр ви открива дека го изведоа двајца велешани потполковник Петре Домазетов и полковник Круме Велков. Тие се членови на мисијата на АРМ во НАТО во Брисел.
Овој момент кој се чекаше 30 години, се случи во 15 часот со интонирање на нашата, а потоа и на химната на Алијансата, по што знамето на Република Северна Македонија се развеа во Брисел до знамињата на земјите членки во најмоќниот воен сојуз во светот, помеѓу тие на Холандија и на Норвешка.
Со церемонијата на кревање на македонското знаме во седиштето на НАТО во Брисел се означи официјалното пристапувањето на земјава во Северноатлантската алијанса
Tweet |