Петар Печков
Објавено: сабота, 15 март 2014
Знамето е парче ткаенина обоена во карактеристични бои, која некоја држава ја избрала да ја претставува. Но, иако на некои луѓе туѓите знамиња можеби не им се чинат интересни, постојат интересни факти што го објаснуваат значењето на боите и амблемите на знамињата.
Kанада
Kанадските лидери воделе жестока дебата во 1965 година, пред да го усвојат црвено-белото знаме со црвен јаворов лист како симбол на државата. Црвената боја е преземена од крстот на сети Ѓорѓи, кој се смета за заштитник на државата, а белата боја е преземена од францускиот кралски грб. Јаворовиот лист ја симболизира убавата канадска природа. Барем во лето.
Непал
Ова е единствената земја во светот која нема стандардно правоаголно знаме, а тоа е, исто така, и најстарото официјално знаме во светот. Сината рамка на знамето претставува мир и хармонија и потсетува на Буда - кој е роден таму.
Гримизната (јако црвена) е национална боја. Иако некои веруваат дека триаголниците ги претставуваат високите планински врвови на Хималаите тоа не е точно. Тие се хиндуистички симбол. Месечината и Сонцето се наоѓаат на знамето како надеж дека Непал ќе постои колку и Месечината и Сонцето.
Грција
Грците во последно време не можат да се договорат за многу работи, па ни за значењето на знамето. Боите на грчкото знаме се сина и бела. Некои веруваат дека сината го претставува убавото Средоземно Море, белата куќите кои никнале по должината на брегот, а други сметаат дека петте линии ги симболизираат слоговите изреката слобода или смрт. Сепак, сите се согласуваат со една работа - крстот ја претставува православната вера.
Бутан
Знамето на Бутан се издвојува од масата на знамиња поради змејот. Змејот се наоѓа на црвена и портокалова подлога. Самото име на земјата на локалниот јазик значи „змеј“. Змејот доаѓа од бутанската митологија, а во канџите носи камења што претставуваат богатство.
САД
Популарното име на американското знаме е Бетси Рос, прекар според жената која го сошила првото знаме. Се состои од тринаесет хоризонтално наредени црвени и бели ленти кои ги симболизираат тринаесетте првобитни држави кои прогласиле независност во 1776 година. На почетокот во горниот лев агол се наоѓа сино поле во кое се ѕвезди што го симболизираат бројот на држави. Во почетокот биле 13, а денес се 50.
Бразил
Зелена заднина и жолт ромб ја симболизираат поранешната колонијална сила, Браганза - Хабсбуршката династија. Поранешниот грб на бразилската империја беше заменет со син круг со 27 бели ѕвезди. Положбата на ѕвездите е идентична на позицијата на ѕвездите над Рио од 15 ноември 1889 година, а секоја ѕвезда претставува точно одредена земја. Паролата во рамките на синиот круг значи – ред и напредок.
Индонезија
Се состои од две хоризонтални ленти, црвена и бела. Боите се традиционални и се користеле од страна на династиите во текот на историјата. Сепак, постојат и неколку неофицијални објаснувања зошто токму овие бои. Една од нив е дека црвената ја претставува крвта на мачениците за независност, а белата чистота.
Друго објаснување е дека црвената го означува физичкиот живот на човекот, а белата духовниот. Трето објаснување е дека овие бои ги претставуваат боите на нивната секојдневна кујна. Црвената ја претставува шеќерната палма (шеќер), а белата - оризот.
Мозамбик
Некој што не ја познава историјата на Мозамбик, смета дека знамето е необично. Но за жителите на Мозамбик симболизмот е јасен. Зелената боја го претставува земјоделството, црната африканскиот континент, жолтата богатството со минерали, белата мир и црвената борбата за независност. Грбот е уникатен во светот и има длабока симболика. Жолтата ѕвезда го претставува социјализамот, кој владее со земјата. Kнигата го претставува образованието и желбата за понатамошен напредок на земјата. Мотиката ги претставува земјоделците и земјоделството кое е темел на оваа сиромашна земја. На грбот се наоѓа и еден „калашников“ кој ја симболизира решеноста на земјата да се бори за слобода.
Панама
Боите на панамското знаме се црвена, сина и бела. Поделени се во четири еднакви дела, две бели и по еден син и црвен. Сината и црвената боја ги претставуваат боите на главните политички партии. Сината ѕвезда ја претставува чистота и чесноста, а црвената власта и законите на земјата.
Tweet |