Петар Печков
Објавено: вторник, 01 септември 2015
Од четвртокот, ден пред Св. Богородица семејството Љуткови се прошири, Маја на свет донесе девојче, второ во семејството. Родителите решиле таа да се вика Сирма. Така Галена, првата ќерка на актерскиот пар, која е година и пет месеци поголема, доби сестричка. Породувањето е извршено в о болницата ,,Систина,, каде се уште се наоѓаат мајката и бебето.
Бебето се роди на 27-ми август во 12,34, кога се роди втората ќерка во семејството Љуткови. Се надевам дека денес, вторник ќе ги донесам дома. Бидејќи ја научивме лекцијата со Галена еве набргу на свет дојде Сирма, така што нема да има некоја голема разлика во нашиот живиот. Единствено за Галена ќе земаме пелени 5-ка додека за Сирма двојка. - објаснува таткото Зоран.
Породувањето минало во најдобар ред, мајката и бебето биле во одлична состојба, сега останува да стигнат дома и заеднички да се радуваат на новороденчето. Додава дека Галена се уште не реагира на добиената сестра, и се надева дека кога семејството ќе биде дома тоа ќе се промени.
Но токму во овој период кога дојде на свет Сирма, Зоран како директор на фестивалот ,,Стоби,, кој ќе се одржува до 22-ри не ќе може да помогне во домашните обврски, но затоа вели потоа ќе се посвети во целост на татковското по втор пат.
Tweet |