Петар Печков
Објавено: вторник, 29 ноември 2016
Пандорка Марковска, мајката на кандидатот на Либералната партија, Данчо Марковски носител на листа во ИЕ 3, ден по одржана средба со граѓаните во Велес била преместена од работното место во велешката Болница. За ова тој реагира дека во кампањата се користат средства кои фрлаат дамка на демократскиот процес.
Знаев дека кампањава ќе биде валкана и дека избориве ни ќе бидат кредибилни ни демократски. Мајка ми која работи таму е прераспределена на друго работно место со решение. Не и е прво распределување и притисок заради мене во последнава година. Жената има 30 години стаж во таа институција. Толку од кодексот за фер и демократски избори - изјави Марковски.
За овој случај тој ги информирал ОБСЕ и ОДХР, канцеларијата на ЕУ, народниот правобранител и антикорупциска.
Во образложението за прераспределување од Општа Болница Велес пишува дека е поради ,, формирање на стручен тим и подобра организација на работата и искористеноста на работните задачи.
Tweet |