речник контакт

Зошто АД Киро Ќучук не работи

Вработените од АД Киро Ќучук сакаат да знаат каква иднина ги чека, додека седат дома поради исклучена електрична енергија за неплатена струја во друштвото

Петар Печков

Стотина вработени во велешката  керамичка индустрија  АД Киро Ќучук протестираа пред капијата на друштвото. Тие од раководството побараа одговори на повеќе прашања, зошто и до кога нема да работат, што со иднината на фабриката.

Поради исклучена струја  АД Кири Ќучук не работи втор месец. Кога се случи исклучувањето ни рекоа да одиме дома и дека повторно ќе не повикаат, но не се кажа кога. Затоа бараме информација до кога ќе бидеме дома и кога ќе ги добиеме двете плати од новото раководство кое ги сработивме а не ни се исплатени – велат вработените.

Тие имаа желба да се сретнат со новиот извршен директор Јадранка Спасовска и од неа да ги добијат одговорите, но таа не била во друштвото, па тие најавија дека за недела дена повторно ќе дојдат пред капијата, за да остварат средба со неа. Од велешкиот синдикат велат дека вработените во АД Киро Ќучук самоиницијативно го организирале протестот и  не побарале правна помош за остварување на нивните права.

Пред неколку месеци на одржаното акционерско собрание, мнозинството акционери на АД Киро Ќучук донеле одлука за извршен директор да ја постават Спасовска на местото од Киро Камчев кој со друштвото раководеше десет години,  при што направи милионски долг кон Фондовите на ПИОМ и Здравство, кон УЈП,  а на 230-те вработени фирмата им  должи 18 плати. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »