речник контакт

Зошто Велес нема 4 месеци театарска претстaва

Паузата од четири месеци неработење на велешкиот театар „Јордан Хаџиконстантинов Џинот“ ќе биде прекината со вработување на неопходниот број актери и...

Петар Печков

Паузата од четири месеци неработење на велешкиот театар „Јордан Хаџиконстантинов Џинот“ ќе биде прекината со вработување на неопходниот број актери и технички персонал, ова го најави државниот секретар на Министерството за култура при посетата на Велес.

- Се договоривме најскоро што може директорот да ја состави листата на 14 лица, што актери што технички персонал без чие ангажирање не може да работи и функционира театарот. Тие ќе бидат вработени преку Агенцијата, никако со договори  како досега, по што ќе биде симнато прашањето за одвивање на тековниот репертоар - изјави Елизабета Канчевска Милевска, државен секретар во Министерството за култура.

Поради неисплатени плати за пет месеци на времено ангажираните актери и помошен персонал, театарот во Велес од ноември нема одиграно ниту една претстава.  

Директорот Јордан Витанов овој проблем го препиша на претходната Влада кој сите овие лица ги ангажирала на време од девет месеци проади што останатниот период тие немаат земено пари.

Државниот секретар најави дека тие интервентно ќе дадат средства за да може зградата на театарот во делот на фоајето и салата се обнови и публиката да нема проблеми при следењето на претставите.

Можноста за изградба на нов Театар во градот таа не можеше да ја прецизира, бидејќи посетата на Велес е прва од низата градови кои ќе бидата посетени, по што ќе се утврди листа на приоритети за 2008-та година.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »