Петар Печков
Објавено: вторник, 26 април 2022
За именувањето на раководните кадар на прв човек на СВР Велес, реагираше советникот Марјан Николов.
„Изгледа во Велес нема кадар за началник. Тоа ми пречи. Имаме именувања на лица од страна. Потребен е човек кој ги знае проблемите на велешани. Може таква е политиката на МВР да именува луѓе од други места“- кажа Николов, на седница на Совет.
За потсетување три години началник на СВР Велес беше Златко Јаневски од Градско а него го наследи Славчо Бојковски од Кратово, кој е пред пензионирање а живее во Скопје.
Tweet |