речник контакт

Зошто беше разрешен директорот на велешкиот театар Младен Крстевски

Неправилностите се во делот на спроведувањето на Годишната програма за култура финансирани од Министерството

Петар Печков

На кои работи Министерството за култура му забележува на разрешениот в.д. директор  на ведлешки театар Младен Крстевски, што се случи во декември лани. Документот е потпишан од министерот за култура Асаф Адеми.    

Од страна на Министерството за култура преку овластен инспектор за култура на ден 16.11.2018 и 19.11.2018 година извршен е вонреден инспекциски надзор во Националната установа Центар за култура Јордан Хаџи Константинов Џинот - Велес, во делот на работењето и наменското користење на средствата од Буџетот на Република Македонија, добиени преку Министерството за култура за проектите на НУ Центар за култура Јордан Хаџи Константинов Џинот - Велес утврдени во Годишната програма на Министерството за култура за остварување на националниот интерес во културата за 2018 година.

Врз основа на утврдената фактичка состојба констатирана во Записник од 23.11.2018 година од извршениот вонреден инспекциски надзор во НУ Центар за култура Јордан Хаџи Константинов Џинот - Велес од страна на инспекторот  за култура се констатирани повеќе повреди и неусогласеност во работењето на директорот согласно со Законот за културата и тоа:

НУ Центар за култура Јордан Хаџи Константинов Џинот – Велес реализирал две од трите претстави утврдени согласно со Годишниот договор со Министерството за култура за 2018 година („Лисистрата“ и „Сомнително лице“).

При реализација на проектите утврдени согласно со Годишниот договор со Министерството за култура за 2018 година, в.д. директорот на НУ Центар за култура Јордан Хаџи Константинов Џинот – Велес ненаменски потрошил средства во износ од 182.581 денари коишто ги пренаменил за претставата „Лисистрата“ (106.661 денари), за вонпрограмскиот проект „Тоалет за дами“ (48.580 денари), како и за тековно работење на установата (27.340 денари за потрошен материјал, средства за хигиена, боја за печатач, сокови, кафе и сл), од Законот за културата.

При реализацијата на проектите „Лисистрата“ и „Сомнително лице“, в.д. директорот на Центарот презел обврски над одобрените средства од Министерството за култура во вкупен износ од 216.721 денари (204.461 денари за „Лисистрата“ и 12.260 денари за „Сомнително лице“), без притоа истите да ги обезбеди од други извори, што е спротивно од Законот за култура.

В.д. директорот на НУ Центар за култура Јордан Хаџи Константинов Џинот – Велес не доставил до Министерството за култура финансиски извештај за работата во периодот од 1 јануари – 30 јуни 2018 година. Имено, согласно со Законот за култура, директорот на националната установа е должен на секои шест месеци до министерот за култура да доставува извештај за финансиското работење и извештај за остварувањето на годишната програма за работа на националната установа.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »