Петар Печков
Објавено: вторник, 18 декември 2012
Локалните избори 2013, предизвици и можности за зголемување на бројот на жените на градоначалничките и советничките позиции, беше темата на трибината која се одржа во Велес.
Дебатата на која присуствуваа подмладоците на партиите имаше за цел да го отвори прашањето на учеството на жените во локалните избори како кандидати за градоначалници или советници и да го анализира соодносот на застапеноста на родовата програма со локалните потреби.
Акцент се стави и на иницијативата за воведување на механизми а избор на жени градоначалници. Жените порачаа дека имајќи ги во предвид пречките и предизвиците со кои тие се судруваат во остварувањето на еднаквите права, мошне важно е разбирањето и поддршката од политичките субјекти во унапредувањето на родовата рамноправност, на сите нивоа и сите сфери на живеење. Настанот беше организиран од страна на женската граѓанска иницијатива Антико.
Tweet |