Петар Печков
Објавено: среда, 18 декември 2013
Присуството на првите луѓе на Владата на неодамнешната средба со граѓаните, ја искористија и жителите до населба Порцеланка, да го актуализираат проблемот со немање на вода за пиење. Тој е стар 10-тина години, откако капацитетот Порцеланка престана да работи, се исклучи струјата а со тоа и можноста за снабдување со вода на оваа населба, спроти фабриката. Премиерот Груевски побара одговор од градоначалникот на Општина Велес за овој проблем.
Редовно ги снабдуваме луѓето со цистерна на ЈКП Дервен. Со ова претпријатие работиме на пронаоѓање на можност да се приклучат на водоводната мрежа. Се обидуваме од блиска препумпна станица кај Горно Оризари. Потребно е околу 1,5 километар, но тоа сепак е скапа инвестиција. Оваа година немавме предвидено средства. Тешко е да се реализира, но ќе бараме начин тоа да го сториме до година. Луѓето ќе добијат вода, тоа е сигурно, но од каде и како ќе треба да се најде нај корисен начин, ќе бараме решение – изјави градоначалникот Чадиев. .
Tweet |