Петар Печков
Објавено: вторник, 07 јуни 2016
Во велешката Општа Болница со месеци на работи лифтот кој го користат пациентите и гостите на оваа здравствена институција. Во функција е само еден. Иако раководството во неколку наврати најавуваше дека овој проблем ќе биде решен, тоа не се случи. Ова беше повод општинскиот СДСМ да реагира.
Секој Месец велешката болница одделува преку 300 евра за одржување на лифтови а лифт има само за вработените. Ако треба да одите на 5-ти кат треба да молите некој од вработените да ви го отклучи лифтот . Со истиот лифт со кој се превезуваат и болни и посетители и се носи храна за пациенти и веш од перална и лекови ама и починатите во болницата – изјави Весна Богоевска Стојановска портпарол на ОО на СДСМ Велес. Таа ги праша велешани ,,што благодат видовте во изминативе 6 години од подобрените услови во велешката болница при што беше најавено дека ќе се инвестираат 600 илјади евра?,,.
Е,сега на прагот сме на т.н. нова реконструкција која почетно ќе чинеше 18 милиони денари пари заштедени односно скратени од граѓаните. Ама есапот покажа друго склучениот договор е за 20 милиони и 980 илјади денари. И веднаш се поставува прашањето. Да не е ова Велес 2016 како Скопје 2014 година. Само гипс картон,само шминка а ништо суштинско – рече Богоевска Стојановска.
Директорот на Болницата др. Атанас Василев одговори дека според БСЦ системот на категоризирање лани велешката болница била меѓу петте најдобри во земјава. И дека опозиција шири заблуди.
Постојните се 20 години стари, во процедура е набавка на два нови лифта. Моментално работи едниот лифт Решено е така што пред постојниот стои вработен водич за пациенти и тие не мора никого да молат за да го користат – рече Василев. Тој потсети дека овие пет години во Болницата реновирани биле: интерно, хирургија, акушерство, детско, ортопедија, урологија за што биле потрошени еден милион евра. Обновено било и Комплетно физикално одделение со 5 милиони денари и набавена нова апаратура.
За пет години во Болницата апарат за компјутерска томографија, гинеколошки ултразвучен стол, рендген апарат и уште 61 апарат што чини 1,443 милион евра без четирите апарати набавени годинава кои вредат плус 250 илјади евра. За најавената реконструкција почетната сума која беше предвидена од 27 милиони денари, по електронска акција падна на 17.8 милиони денари но без ддв. Со плус ддв изнесува 21 од предвидените 32 милиони, или заштедени се 11 милиони денари – заврши Василев.
Tweet |