речник контакт

Зошто населбата Горно Оризари преку лето има недостаток од вода за пиење

Еден просечен потрошувач во Велес во лето троши 250 литра во секунда а во Оризари 500 литри во секунда

Петар Печков

Зошто жителите на населбата Горно Оризари често немаат вода за пиење, праша советничката Пандорка Прличкова, на последната седница на Советот.

Оваа дилема ја добила по честите реакции на жителите на населбата, по социјалните мрежи. Прашањето беше адресирано до раководството на ЈКП Дервен, при разгледување на извештајот за работа во првиот квартал од годинава.  Одговорот го даде директорот на ЈКП Дервен Горан Наунчев.

„Во 2023/24 беше поставена нова пумпа со поголем капацитет од 1,6 наместо со 1,2  како што беше претходната. Со неа населбата, во периодот кога нема наводнување, немаат проблеми за водоснабдување. За споредба еден просечен потрошувач во Велес во лето  троши 250 литра во секунда  а во Оризари 500 литри во секунда. Тоа говори дека еден дел од жителите на населбата, кои обработуваат различни култури, работат со земјоделие, во ноќните и утрински часови вршат наводнување.  И жителите се свесни дека со таква потрошувачка, ниту новата пумпа не може  да го наполни резервоарот.  Затоа апелираме оваа квалитетна, преработена вода да се користи за лична употреба,  не за наводнување или за полевање. Некои имаат водомери и си ја плаќаат потрошената вода, други имаат диви приклучоци. Затоа се јавува брзо празнење на резервоарите и тие во горната зона, имаат проблеми со снабдување со вода во вечерните часови. Имаме неколку наврати пуштено контрола, пронајдени се корисници со диви приклучоци, санкционирани се“ – кажа Наунчев.

Тој посочи дека водоводната мрежа за наводнување на зеленилото на јавните површини е поголема од водоводната мрежа за снабдување со вода за пиење на граѓаните на Велес.  Паушали  на корисници кои плаќаат во велешко   има 1.485 а водомери има 18.310.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »