Петар Печков
Објавено: сабота, 18 декември 2010
Двеста средношколци од 14 града од Македонија од Велес испратија порака до државата да размисли зошто 45 отсто од младите сакаат да ја напуштат земјава. Младите кои во рацете држеа балони во црвена и жолта боја, симболите на државното знаме, се движеа низ градските улици, Тие беа испукани кога стигнаа пред споменикот на поетот Коста Солев Рацин.
Како би изгледала Македонија, доколку младината се исели од оваа држава. Зошто тие сакаат да си заминат. Младите мора да се вклучат во процесот на донесувањето на одлуките – побараа учесниците во парадата кои потоа со букви напишаа ,,45 отсто од младите сакаат да ја напуштат Македонија,,.
Парадата беше поттикната од загрижувачките резултати од истражувањето за социјалната вклученост и граѓанското учество на средношколците спроведено од Младинскиот образовен форум, кој беше и организатор на настанот Од градовите младите во Струмица, Дебар и Скопје со задоволство би останале да живеат во нив, додека најнеподнослив е животот во Делчево, Велес и Штип.
Tweet |