речник контакт

Зошто се собираат пари за видео надзор во Гимназијата

Опозицијата - пари се собираат нелегално, директорот на Гимназијата тоа е по барање на Советот на родители

Петар Печков

Општинскиот огранок на СДСМ на Велес на прес конференција праша зошто се собираат пари за видео надзор во холовите од велешката Гимназија ,,Кочо Рацин,,. За нив е спорно што кога ваква опрема се мести во сите училишта во градот, само ова одлучило да собира по 100 денари од родителите, иако локалната власт најавила дека целосно опремата ќе биде набавена на нејзина сметка. 

Зошто во Гимназијата се собираат по 100 денари од ученик, како донации за видео надзор, кога локалната  власт уште на почетокот од септември најави дека тоа ќе биде  нејзин трошок. Градоначалникот Чадиев  рече дека се одвоени два милиони денари за инсталирање на видео  опрема, во и надвор од училиштата.  Потенцираше дека ќе бидат снимани  ходниците и дворовите, но не училниците и санитарните јазли и соблекувалните. Сега се  јавува ситуација во Гимназија собираат пари за видео надзор во ходниците  - изјави Весна Стојанова Богоевска, од ОО на СДСМ Велес.

Таа потсети дека иста таква опрема има инсталирано и во Основните училишта Блаже Конески, Јордан Хаџи Константинов Џинот, Благој Кирков, но никаде нема никој побарано пари од учениците.     

Согласно законот за донации, за да може да се уплатат средствата за донација, мора претходно да има склучен договор за донација. Таков договор се уште не е склучен во Гимназијата - додаде Стојанова Богоевска.  

На овие прашања одговор даде директорот на Гимназија Сашко Андреевски, кој вели дека станувало збор за два различни проекти, еден е општински друг нивен училиштен. Вториот  бил работен по иницијатива на Советот на родители.   

Таа иницијатива ја прифати советот на родители едногласно, а училишниот одбор ја потврди со одлука од 17.09.2015 година. Така што до крајот на оваа учебна година ќе се постават уште шест камери и ќе се избере овластена куќа која што ќе го води видео надзорот. Затоа одговорно тврдам дека внатрешниот надзор на Гимназијата и на Хемиското училиште е различен проект од видео надзорот кој го имплементира општината со обезбедување на надворешноста на објектите на општина Велес - изјави Сашко Андреевски, директор на гимназијата „Кочо Рацин“.  

Весна Стојанова Богоевска од СДСМ  на овој став на директорот Андреевски, посочи дека тој е надлежен да им каже на родителите дека локалната власт одвоила средства и ќе поставува камери и за ходниците и  да не дозволува да се издвојуваат пари за нешто што веќе е најавено дека ќе се работи. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »