речник контакт

Зошто сопреа градежните работи на кружниот тек кај Панини

Градоначалникот вели се чека сообраќајното одобрение од МВР

Петар Печков

Сопреа работите на  кружниот  тек кај крстосницата ,,Панини,,. Истите започнаа  на крајот од минатиот месец  26-ти август, со исцртување на површните каде и што ќе се  ископува а беа отстранети и дел од  плочките на тротоарот пред Гимназијата. Но само по  неколку дена, во петокот се сопре.    

Нешто се случува, дојдоа градежните работници  ги товарија искршените плочки заминаа и  изведбата заврши. Неколку дена ништо не се случува а се  најавуваше дека работите  ќе завршат до почетокот на Питијадата, кој треба тука да се одржи – велат постари велешани кои минуваат секојдневно на улицата  Благој Ѓорев.    

ТрМр го праша градоначалникот сопрени ли  се градежните работи на изведбата на  турбо кружниот тек кај ,,Панини,,.   Чадиев негираше дека такво нешто се случило, по редакциите дека се гради во тек на изборна кампања.   

Работите  не се сопрени се  чека  одобрението    на сообраќајниот  проект од МВР, се друго   е во ред. Ќе продолжи секако, го очекуваме да се одобри секој момент,  досега сме  ги добивале  за некој ден. Сите услови се исполнети продолжуваме со работа, се е  согласно Законот ако не е следи  кривична одговорност согласно Законот. Овој кружен тек е предвиден согласно Програмата за работа за 2017-та година, обезбедени се средства. Ако  се одржаа во април месец, во редовниот термин, сега немаше да се гради, сега стаса документацијата – рече градоначалникот Славчо Чадиев.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »