Петар Печков
Објавено: четврток, 02 јуни 2016
Градоначалникот на претходна прес конференција како прирорити кои инфрастуктурни работи ќе се изведвуаат овој период ја спомена улицата Тодор Јанев, која ќе се асфалтира. Тоа е улицата кај новите згради кои се градат, близу Железничката зграда во Новиот дел на Велес.
Наспроти тоа улицата Невена Георгиева Дуња, кај зградите на Хабитат во населба Тунел, се оставени за реализација за асфалтирање, за крајот на годинава. Тоа предизвика внимание но и реакции, има ли критеируми, која улица има приорите за градба.
Пет години како се завршени овие две згради. Странска инвестиција, градени од странска невладина организација. Ама уште газиме по земја, кал и во темнина. Никако да дојдеме на ред. До нас се гради нова зграда која привршува, но и тие станари како нас ќе ја користат оваа неизградена улица. Во градењето учествуваа странци од цел свет, дојде и претседателот Иванов, странски амабсадори, двјцата велешки градоначлници, сегашниот и претходниот, но ништо од тоа, улицата не се асфалтира. Сега се дава приориет на улица на комплекс згради кои штотуку започнаа да се градат. Ние како станари сме фрапирани од ваквата одлука на локалите власти - велат станарите од зградите на Хабитат.
Таму живеат 50-тина семејства, кои со години чекаа асфалтирање на улицата. Градоначалникот Чадиев објаснува дека и нивната улица ќе биде изградена но подоцна.
Нема критерум како и што попрво ќе се асфалтира. Тоа одлучува Советот, каде и што ќе се работи. Не се заборавени граѓаните од зградите на Хабитат. Жителите треба да знаат дека лани изградивме потпорен ѕид, кој е неопходен за да се асфалтира улицата. Но за него потрошивме средства колку за двата крака од улицата кои треба да се асфалтираат. Првичните проценки беа поскормни, но реалната состоојба влијаеше ѕидот да чини 4-5 пати повеќе од првобитните пресметки. Секогаш се водиме од приоритети на граѓаните од Урбаните заедници. Жителите на населба Тунел имаа две други улици за приоритет и тие ќе се градат па дури потоа Невена Георгиева Дуња. Улицата пред хабитат ќе се заврши до крајот на годинава - објасни градоначалникот Чадиев.
Tweet |