речник контакт

Зошто умираат децата од село Горно Јаболчиште

Кога за краток период ќе се случат два смртни случаи на деца од едно мало место, за кои потоа ќе се истражуваат причините, тоа е сигнал дека нешто не е во ред со целиот здравствен систем, порачуваат од Центарот за граѓански права Мозаик од селото Горно Јаболчиште, општина Чашка.

Петар Печков

Очекувајќи ги официјалните наоди на обдукцијата и потоа превземените чекори на надлежните, тие на прес конференција  реагираа  на условите во кои живеат три илјади луѓе од две населени места Горно и Долно Јаболчиште, велешко.

  Јавна тајна е дека половината од жителите на овие две села се родени во превозно средство, обидувајќи се да стигнат до соодветна здравствена.   Поради катастрофалната патна инфраструктура, која е се само не е пат, многу жители не добија здравствена помош кога им беше најпотребна, бидејќи починале на пат до Велес. Голем број наши сожители ќе беа со нас живи, ако патот добиеше соодветен третман од надлежните институции. Цели 60 години ништо не е сторено за подобрување на мизерните услови на живот во двете населени места, во кои живеат албанци. Затоа во 21-виот век, одбиваме да умираме по козјите патишта, само затоа што надлежните не нашле начин да го изградат патот во должина од 10 км. Сигурно многумина се согласни со нас дека ова е најглупава причина за смрт, лош пат – изјави Агим Муртезанов претседател на ЦГП Мозаик.

Тие уште вчера испратиле барање до Министерството за транспорт и врски и Владата за итно решавање на проблемот со патот. Велешката полиција по барање на обвинителството води две истраги за смртта на десетгодишно момче кое почина во Болницата откако претходно итно бил оперирано поради слепо црево, и за смртта на бебе старо три дена кои починало во Горно Јаболчиште откако мајката иако малолетна била отпуштена дома да се породи.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »