речник контакт

Зошто уште не се поплочени тротоарите во централното градско подрачје

Поднесено било барање до канцеларијата на ЕУ во Скопје, од заштедените средства во десегашната реализација на проектот, да се пренаменат за обезебдување на поплочување на тротоарите

Петар Печков

На прес конференцијaта на градоначалникот Марко Колев, прашан од ТрМр за уредувањето на центарот на градот и зошто и по шест - седум месеци не се уредуваат тротарите, за кој  претходно рече дека не биле обезбедени средства со проектот, објаснувањето е следно:

„Со проектот не било предвидени поставување на бехатон на проширените тротоари.  Поднесено е барање до канцеларијата на ЕУ во Скопје, од заштедените средства во десегашната реализација на проектот, да се пренаменат за обезебдување на поплочување на тротоарите. Ако се биде во ред, според планот, улицата 8 Септември треба да биде затворена за сообраќај од 17 -18 часот до 23-24 часот, од 15 јуни, до крајот на распустот. Планираме дел од содржините за културни настани летово, да се одржат токму на тој простор“ – кажа градоначалникот Колев. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »