Петар Печков
Објавено: вторник, 02 ноември 2010
Велешаните Благој и Борче кои престојуваат во Чикаго САД, заеднички ги веселат македонците на свадби, крштевки, венчавки, забави. Тие во македонска народна носија и новина која од неодамна ја практикуваат, со зурли даваат нов тон на најрадосните моменти на македонците од САД. Оваа новина наишла на голем одѕив и сега тие се многу барани и популарни во Детроит, Чигаго, Индијана.
А бидејќи сајтот ТРМР е доста популарен во САД, еве ја оваа приказна на оваа страна.
А без зурли и тапан свадба не бива...
О тешкото! Зурли штом диво ќе писнат,
штом тапан ќе грмне со подземен екот -
во градиве зошто жал лута ме стиска,
во очиве зошто навира река
и зошто ми иде да плачам ко дете,
да превијам раце, да прекријам лик -
та гризам јас усни, стегам срце клето,
да не пушти вик.
Tweet |