речник контакт

Зуските повторно на улица

Ново стара занимација за велешките деца повторно се зуските. Најбаран продукт во градот џамлиите

Петар Печков

Џамлиите се вратија повторно на велешките улици. Главна занимација оваа есен за децата од градот се зуските. На многу слободен простор во градот можт да се видат децата како играат една подзаборавена забава. И во многу гранапи и киосци најбарана роба се зуските некаде по денар, некаде два, но се многу барани и трошени.

 Оваа вест е тесно поврзана со 15 октомври Светскиот ден на миење на раците, кој го одбележува УНИЦЕФ. Тие потсетуваат дека најголем број од респираторните заболувања се од нехигиената  по играње со земја. Слична е состојбата и кај велешките деца. Едно испитување од Институтот за јавно здравје покажало дека кај велешките деца повеќе се заболени машките отколку девојчињата, што се поврува со играњето со земја.

Затоа докторите предупредуваат играјте но и мијте се раце. Родителите пак можат малку да здивнат, убавата вест е  децата за малку се оддалечија од компјутерите.

 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »