речник контакт

И велешанецот Качуров кој живее во Загреб пливаше маратон

Имаме пркрасно езеро, велешани користете го за пливање, порача Качуров

Петар Печков

Родениот велешанец кој сега жител на Загреб – Хрватска Стефко Качуров (60 год) го исплива првиот маратон на езерото Младост.  Тој пливаше на патеката од  5 км.

Ги повикувам моите велешани, наместо како бројна публика да учествуваат повеќе  во овој маратон, да  го поддржат и тој да стане традиција. Јас сум рекреативец, немам некое искуство  ама сакав да дадам свој придонес.  Не беше напорно, напротив задоволство. Се додека можам да доаѓам во Велес ќе учествувам. Имаме прекрасно езеро, создадено за уживање. Нека дојдат моите велешани нека  пливаат  што повеќе, тоа не е за гледање, туку за  уживање  – рече Качуров.

Тој во родниот град Велес доаѓа секое лето. Годинава како рекреативец одлучи да  учествува и ја исплива втората по должина делница  на  маратонот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »