речник контакт

И годинава во Велес ќе има паралелка за фудбал, при Спортската академија

Учениците настава посетуваат во велешката Гимназија

Петар Печков

Министерството за обрзование распиша конкурс за упис во Државното средно училиште Спортска академија . Во прва година во Спортската академија можат да се запишат ученици според наставните планови и програми за гимназиско образование, во согласност со посебните критериуми за проверка на способностите за спортски вештини за соодветниот спорт.

Спортската академија и натаму, и следната учебна година 2025/2026 ќе има паралелка во Велес, која работи во Гимназијата. И годинава како и петходните ќе се посетува за  фудбал. Останатите спортови се ракомет кошарка и тенис. 

За учениците кои се пријавуваат за упис во Спортската академија покрај општите  критериуми за избор се вреднуваат и способностите за спортски вештини согласно Законот за Спортска академија. Термините и локациите кога и каде ќе се изврши тестирањето и селекцијата ќе бидат дополнитело познати.

Во Спортската аакдемија во Велес, може да се запишат завршените основци од  Велес, како и околните населени места Градско, Чашка, Лозово, Росоман.

АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »