речник контакт

И ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ преку јавен повик бараат кандидати за градоначалници

И едните и другите не бараат кандидати да бидат нивни членови

Петар Печков

Двете партии, кои сиве години на самостојна Македонија ги имаа мандатите за градоначалник на Општина Велес, следниот го  бараат преку оглас.  

И ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ преку јавен повик бараат кандидати за градоначалници. Со тоа што тој на ВМРО-ДПМНЕ заврши одамна, но нема информации дали и кој се јавил за кандидат, додека тој на СДСМ е со важност до  12-ти  месецов.  

Кандидатите за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ не мора да бидат нивни членови, но треба да ја поддржуваат нивната политичка програма.

СДСМ имаат сличен став, со тоа што кандидатот кој ќе конкурира кај нив, не треба да биде осудуван. 

ВМРО-ДПМНЕ бараат програма на најмногу  пет страници која кандидатот би ја работел.

Критериум кај СДСМ е кандидатот да има углед и кај членството на СДСМ и кај граѓаните. 

СДСМ остава можност и членовите за Совет да се кандидираат преку  овој јавен повик. 

Од осамостојувањето на Македонија градоначалници на Велес беа Трајко Пренџов, Ордан Николовски, Аце Коцевски (сите кандидати на СДСМ) ,  Горан Петров и Славчо Чадиев (кандидати на ВМРО-ДПМНЕ). 

Законот дава можност во трката да се вклучи и самостоен кандидат, кој   треба да собере илјада потписи.

Локалните избори треба да се одржат на почетокот од мај месец. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »