речник контакт

И Велес дел од глобалниот настан, 2-ри април Светски ден на аутизмот

Забава од учениците од Маца Овчарова. Во сино зградата на театар и Младинскиот парк

Петар Печков

Во саботата вечер.  по деветти пат се одбележа Светскиот ден на аутизмот. Датумот 2 април е избран во 2007 година од страна на Генералното Собрание на Обединетите Нации, со цел да се сврти светското внимание кон аутизмот како растечки глобален здравствен проблем, да се подобри квалитетот на животот на лицата со аутизам, да се згрижат, да им се даде рана дијагностика, ран третман, право на едукација и здравствена заштита.

По тој повод во Младинскиот парк се реализираше културно-уметнички настан на кој учествуваа ученици од ПОУ „Маца Овчарова“, ученици од основните општински училишта, родители, деца со аутизам.

Вечерта новиот објект на театарот „Јордан Хаџи Константинов Џинот” и фонтаната во Младински парк беа осветлени во сина боја-бојата на аутизмот со цел да се подигне свеста на јавноста и да се даде подршка на лицата со аутизам.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »