речник контакт

И Велес дел од планетарниот ,,Час за планетата Земја

Мало Мовче и мостот Гемиџии еден час потонаа во мрак, за подигнување на свеста за рационално трошење на обновливата енергија

Петар Печков

Малото мовче и мостот Гемиџии во Велес,  еден час беа затемнети во саботата вечер, како дел од  глобалната кампања ,,Час за планетата земја,,.  20-тина волонтери од подмладокот на  Општинскиот Црвен крст  беа дел од акцијата и симоболично ги затемнија двата најфрекфентни  моста во градот на мостовите. 

Ова е наша порака до велешката јавност за подигнување на еколошката свест кај населението за зачувување на планетата Земја.  Ова е глобална акција а ние делуваме локално.   Порачуваме дека претераното трошење н електричната енергија може да ја доведе во опасност планетата и постојат други обновливи извори на енергија кои моажт да се користат. Овие два моста ги избравме бидејќи се значајни  да потонат во мрак и да ги  побудиме велешани да ја поддржат акцијата    рече Елена Бачева.

Во оваа нивна акција подршка добија и од локална власт на Велес, со чија помош беа затемните двата моста. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »