речник контакт

И Влатко Темелков дојде да ја проба пастрмалијата

Малку слободно време што го имаше Темелков го искористи да дојде и вкуси пастрмалија

Петар Печков

Македонскиот ракометен репрезентативец, малкуте слободно време што го имаше, го искористи да дојде до родниот Велес. Веднаш по контролниот натпревар со Црна Гора во Струмица, патем кој Македонија го доби со 26:21, Темелков успеа да стигне на време и во Велес. Најде време дојде  и заедно со неговиот брат Ане, на Питијадата, вкуси една пастрмалија.

Питата е како секогаш убава и вкусна. Одамна не сум јадел и овој вкус и мирис ме потсети на родниот дом. Колку што гледам има многу народ, пријатна атмосфера. Драго ми е што Велес и велешани овие три дена се забавуваат – рече Влатко. Тој веќе утрото во 5 мораше на пат со авион, и сега е дома со сопругата и двете деца син и ќерка во Луксембург каде настапува. 

 Годинава на Питијадата беше забележани бројно присуство на велешани, кои дојаао од странство, Германија, Србија, за да ги посетат блиските но и да вкусат од пастрмалиајта. Имаше и многу велешани кои живеат во Скопје и не ја прошуштија оваа единстена можност да се вратат во родниот крај. Некои од нив Питијадата ја нарекоа и ,,враќање кон корените,,. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »