Петар Печков
Објавено: среда, 25 јуни 2014
Ѓорѓи Коџабашиев го прими уверението со кое се потврдува дека тој е избран за пратеник во македонското собрание од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Ова доаѓа откако носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 3 Никола Тодоров (о)стана министер за здравство во новата Влада. Коџобашиев кој беше 14-ти на листата ќе го тера вториот мандат во Собранието и е втор пратеник од оваа партија во новиот состав, покрај Илија Димовски кој е и координатор на пратеничката група.
Избран беше и Марјан Николов од редовите на СДСМ но тој заедно со е неговите партиски колеги се повлекоа од Парламентот.
Tweet |