речник контакт

И ОК Виола волеј започнува со натпревари во Втората женска одбојкарска лига, каде Велес ќе има две екипи

Клубот постои 15 години а се натпреварувал во млади категории

Петар Печков

Во претстојната одбојкарска сезона, во Втората лига –жени, ќе настапуваат две велешки екипи. Освен ОК Борец кој по 13 години се враќа во лигашко натпреварување, новак е екипата на  Одбојкарски клуб О.К. Виола Волеј од Велес. Екипата постои  15 години и активно  се натпреварувала во млади категории.

Оваа натпреварувачка сезона 2025/26 за прв пат од постоењето на клубот ке се натпреварува во Втора Лига Жени. Клубот ќе се натпреварува и во млади категории каде што натпреварите ке бидат во групи. Во првото коло ОК Виола Волеј игра со ОК Виктори Волеј од Струмица на домашен терен.

„Оваа година е прва од ваков натпреварувачки карактер и е од големо значење за стекнување на поголемо искуство за девојките, иако до сега имаат прилично богато натпреварувачко минато. Атмосферата во тимот е одлична и девојките се мотивирани пред почетокот на сезоната“ – кажа тренерот Милан Радевски. 

Во оваа конкуренција има 13 екипи и ќе се играат 26 кола,  24 натпревари дома –гости. Првакот се пласира  во Прва лига.  Второпласираниот тим игра бараж натпревар со деветтопласираната екипа од Прва лига – жени за влез во поквалитетното друштво. Втората лига започнува на 11 октомври. 

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »