речник контакт

И Општина Велес со финансиска помош за Турција и Сирија

За Република Турција идзвоени се средства во висина од 300 илјади денари а за Сириската Арапска Република 150 илјади денари.

Петар Печков

Советот на Општина Велес на вонредна седница, одржана доцна попладнево, донесе одлука за издвојувње на финансиски средства за помош на Турција и Сирија, за отстранување на последиците од земјотресот, кој се случи на 6 февруари. За Република Турција идзвоени се средства во висина од 300 илјади денари а за Сириската Арапска република 150 илјади денари.

 „Издвоените средства се согласно нашите можности. Сигурно ќе бидат добредојдени. Помошта за Република Турција ќе ја префрлиме со помош на Амбасадата на оваа земја во Скопје, додека за Сирија ќе бидат исплатени преку Црвениот крст. Вчера доцна вечарта преку Дирекцијата за заштита и спасување  беше побарано помош во луѓе, пожарникари, кои ќе заминат за Турција во подрачјето зафатено од земјотресот.Се организравме, пет лица веќе се на пат низ Грција, заедно  со колеги од Куманово, Штип, Кавадарци“- кажа градоначалникот Марко Колев.

Одлуката за финансиска помош  беше едногласно усвоена со 21 присутен советник. Ова беше втора вонредна седнциа на Советот од овој состав. На почетокот со минута молчење беше оддадена почит на жртвите.

Советникот Ќирил Гајдов кажа дека се откажува од паушалот за месец февруари, кој нагласи дека сака да го намени за хуманитарни цели, за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија. Месечниот паушал е во висина од 70 отсо од просечно исплатена плата за претходна година.

Досега во земјотресот во Турција и Сирија загинаа над 11 илјади луѓе.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »