Петар Печков
Објавено: четврток, 07 март 2013
Попладнево (четврток) до Општинската Изборна комисија кандидатура за градоначалник на Велес е доставена од Титовите леви сили, кои го предлагаат Горан Мишков. Бидејќи во градов има повеќе личности со исто вакво име и презиме, станува збор за спортист, поранешен велосипедист.
Титовите леви сили уште претходно доставија лисата за советници, заедно со пет други партии: ВМРО-ДПМНЕ со 19 коалициони партнери, ДОМ, ДПА, ДУИ, СДУ. Засега остануваат и претходните тројца кандидати за градоначалник: Марјан Спасовски СДУ изборното ливче го има редниот број 18, Славчо Чадиев ВМРО-ДПМНЕ 19, СДПМ Тања Петровска 25. Во јуни лани промовираниот кандидат на СДСМ Аце Коцевски сеуште нема поднесено кандидатура до ОИК Велес.
Последниот рок за поднесување на кандидатура е петок 8-ми март до полноќ. Гласањето за локалните избори е закажано за 24 март.
Tweet |