Петар Печков
Објавено: среда, 22 август 2018
Kуп натпреварите и за двата велешки клуба завршија во првата фаза, во 1/16 финалето. Второлигашот ФК Борец 1919 загуби во Дебар од ФК Кораб, исто така член на Втората лига но Запад, со 1:0 (0:0). Единствениот гол беше постигнат од пенал во 69-тата минута од Клобучишта.
Третолигашот ФК Превалец на Градски во Велес загуби од прволигашот Македонија ЃП со 2:0 (0:0). Стрелци за головите за скопјани беа Луиз Фелипе во 58, Миовски во 72.
Со овие порази двете екипи до Велес ги завршија натпреварите, оти во оваа фаза од Купот се игра еден натпревар а ФК Кораб и ФК Македонија ЃП продолжуваат во осмина финале.
Tweet |