речник контакт

И Французинката Лајла исплива дел од маратонот

Иако рекреативец, без проблем таа пливаше 2,5 км

Петар Печков

Меѓу учесниците на годинашниот прв натпревар во далечински пливање на езерото Младост,  беше и единствениот странец, Лајла Лапартиен. Таа е Французинка која преку лето живее во Велес. Без многу проблем таа исплива 2,5 км на маратонот.

Не беше воопшто тешко, напротив ми беше задоволство. Ќе морам догодина да се зачленам во некој клуб,за да ми дозволат да пливам  5 км. Тоа сигурно го можам. Водата и условите беа идеални – рече Лајла, која досега никогаш не учествувала на сличен натпревар.

Таа имаше поддршка од нејзина пријателка од Франција која ја бодреше, но и од бројните велешки пријатели. Со силен аплауз беше пречекана на целта. Таа беше побрза и од некој машки учесници, исто така рекреативци на патеката од 2,5 км. 

Лајла веќе осум години доаѓа преку лето во Велес, каде има круг на пријатели. Таа е член ан ансамблот ,,Вила Зора,, а за овие години додека е во Велес научи да пече ракија и подготвува ајвар.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »