Петар Печков
Објавено: среда, 17 јуни 2009
Трагедија за еден народ е да се загуби човек како Коста Солев Рацин, мислител и авангарда на своето време порача од местото на погибјето на поетот, на Лопушник градоначалникот на Велес Горан Петров.
- Настаните кои се случија кобното утро на 13-ти јуни 1943-тата, остануват темнина, мистерија која ја познава само оваа планина. Треба да остане трајно забележано дека биттисувал човек кои бил пред своето време, чесен, визионер, чиј збор допира до сите светски маридијани – изјави Петров при чествувањето на 66-тата годишнина од трагичната смрт на Рацин. Во чест на годишнината на трагичната смрт на поетот, на местото на застрелувањето на планинaта Лопушник дојда бројни негови почитувачи, планинари, гости до Киечво, Прилеп, Другово. Меѓу присутните беше и евроамбасадорот Ерван Фуере кој се поклони пред делото на авторот.
- Секогаш сум се восхитувал на поезијата на Рацин кој преку зборови успеал да ја прикаже визијата за хумано, човечко општество. Неговото дело е големо наследство за младите генерации – изјави Фуере кој на англиски ја изрецитира „Копачите“.
Во Велес, беа врачени и наградите од годинашниве Рацинови средби, за Трајче Кацаров и Петер Рау. Тие не го криеја задоволството што се добитници на ова високо признание.
- Уште како деца, татко ми кога сакаше да соопшти нешто важно, ќе застанеше и рецитираше песна од Коста Солев. Кога би можел да знае дека денес јас сум добитник на наградата, сигурно песните ќе ги кажуваше со ушт е поголема страст и погласно. Му благодарам – изјави Кацаров кој наградата во висина од илјада евра ја доби за делото „Татко и отец“. Германскиот филолог Петар Рау пак за особен придонес за популаризација на македонската култура го доби Почесното Рациново признание.
- Кога започнав со подготовките за доаѓање во Македонија, еден германски колега, македонист, ми порача да започнам со читање на делата на Рацин. Јас го сторив тоа по што ми се засили желбата да дојдам во вашата земја и заедно со тукашните колеги да работам на културниот дијалог помеѓу македонците и германците – рече Рау при добивањето на признанието.

Tweet |