Петар Печков
Објавено: недела, 10 јули 2022
Откако пред некој ден во автобус беа пронајдени 61 мигрант, во текот на вчерашниот ден, мигранти се пронајдени во камион со приколка. МВР со детали на настанот.
„На 9 јули во 01.30 часот на автопатот кај клучка „Миравци“ полициски службеници од Полициска станица Богородица ги лишија од слобода М.Ј.(43) од Скопје и А.А.(26) од Арачиново, скопско. Околу 00.10 часот при контрола во товарно моторно возило „ивеко“ со приколка, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј., во кое и сопатник бил А.А., пронајдени се 87 лица мигранти. Од нив 45 од Сирија, 39 од Пакистан, двајца од Конго и едно од Индија. М.Ј. и А.А. се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“- соопштија од МВР.
Лицата мигранти се спроведени во прифатно-транзитен центар. На 12 јуни 2020-та година во камион кај Милетково- Гевгелија во камион беа пронајдени 142 мигранти.
Tweet |