речник контакт

И бизнисмените рекоа ,, НЕ,, за топилницата

Велешките бизнисмени рекоа ,,не,, за рестартот на топилницата, на местото каде сега се наоѓа.

Петар Печков

На вонредната седница на регионалната комора, салата на Хотелот Романтик беше претесна да ги прими сите стопанственици од градот. Единствената точка  што се разгледуваше беше иницијативата за запирање на активностите кои се преземаат за рестарт на овој индустриски капацитет. Сите говорници без исклучок има единствен став, загадувач на градот не му треба, пари по цена на живот не.

Ние велешани немаме алтернатива, топилницата не може повеќе да работи на оваа локација. Како вработен во поранешен Лозар, во 1984-тата по барање на странски партнер, моравме да го испитаме сирењето кое тогаш се правеше во Извор, Чашка, Стари Град. Добиените резултати беа поразителни, уште тогаш во овој продукт имаше кадмиум за 10 пати повеќе до дозволеното. Зделката пропадна, но за ова не се дозна во јавноста. Такво беше времето и  за повисоки цели, загадувањето се криеше.  Утре, државата и сопственикот на топилницата од нејзината работа ќе имаат корист, велешани не. Инвеститорот ветува пари и работа, но зар животот има цена – рече Петар Колев,  генерален директор на  кланицата Агрија.

Стопанствениците од градот, кои добро ги познаваат сопствениците на топилницата објаснуваат дека зад неа стои моќен играч, противник кој нема да штеди пари и ветувања за да дојде до посакуваната цел, рестарт на капацитетот.

Дел од бизнисмените потсетија дека топилницата, во времето додека работеше учествуваше со скромни пет  отсто од ангажираните работници во општината.  Таму тогаш работеа илјада лица наспроти 22-те илјади вкупно  вработени.  Градоначалникот на Велес потсети дека општината  од индустриска, сега стана претежно земјоделска.

Носечки гранки се прехранбената индустрија и преработката на месо. Што ќе се случи со овие капацитети и луѓето кои таму го вадат лебот и живот, ако проработи топилницата. Каква ќе биде нивната храна и месо. Ќе се исполнуваат ли европските стандарди. Развиваме туризам, вински, транзитен, културен, но сето тоа ќе сопре штом гостите ги видат густите облаци од чад од комбинатот -  рече Горан Петров градоначалник на Велес.

Тој потсети дека бројните некогашни вработени од МХК Злетово својата егзистенција ја пронашле во малите и средни претпријатија во општината.  Со отворањето на топилницата во прашање се доведуваат и доделените 300 сертификати  за органска храна во општина Велес, кои не ќе може да  продолжат со нивната дејност, поради работата на загадувачот. Со тоа, исто толку фамилии и четири пати повеќе луѓе ќе останат без егзистенција.

Четириесет години не труеја и трпевме, заради повисоки  идеали. Но веќе не можеме и не молчиме. Ќе го браниме Велес. Јас, моето семејство и вработените ќе бидеме в среда на големиот протест - изјави Трајче Леов, сопственик на ,,Леов компани,, . 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »