речник контакт

И во Велес одбележан 8 мај Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина (фото)

Мотото на годинашното одбележување беше „Се што правиме – го правиме од срце“

Петар Печков

Со штанд и делење на информативни летоци беше одбележан 8 мај Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина. Оваа содржина беше реализирана на платото пред велешки театар,  од страна на волонтери на Црвениот крст. Мотото  беше „Се што правиме – го правиме од срце“,

„Овој ден беше искористен за да се промовира организацијата. На информативен штанд волонтерите од Клубот на млади го претставија Црвениот крст, областите во кои делува, програмите и активностите кои се реализираат во текот на годината“ - соопшти Орце Николов, секретар на ОО Црен крст Велес.
.
На информативниот штанд имаше и забавен дел. За граѓаните се организираше лотарија со симболични подароци, а за најмладите имаше и балони со знакот на Црвен крст.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »