речник контакт

И во Велес се игра тенис

Ѓоре Зафиров победник на првиот градски турнир

Петар Печков

И на Велес му се случи тенис. За празникот 11-ти Октомври група од десетина ентузијасти го организираа првиот аматерски турнир во тенис „Велес 2009“.

Победник е Ѓоре Зафиров (39 год) кој со 2:0 во сетови (6:3, 6:2) го победи Петар Брашнаров (29 год). Во оваа, сениорска конкуренција настапија 22 тенисери а во младинска 10. Таму победи Љупче Црвенпанов кој со 9:7 во финалето го совлада Славчо Казаков. За победниците имаше пехари. За одбележувње е гестот на Драган Јорданов кој го позајми неговиот тенискиот рекет на Брашнаров, откако тој го скрши при настапот за Петар да го одигра финалето.

Во полуфиналето се сретнаа Брашнаров - Тодоровски 9:8 додека во второто Јорданов загуби од Зафиров со 9:6. Турнирот се одигра на новиот спортски терен во градот, позади ОУ Блаже Конески. Тој простор група ентузијасти го исчистија, средија, дотераа и обележаа за да може на нрго да се игра белиот спорт. Пред еден месец и локалната влст позитивно одговори на барањето, теренот да се осветли па се инсталираа два рефлектори. Така Велес доби нов спортски терен, наменет за тенис а за некој ден градот ќе го добие и првиот тениски клуб.

\"\"

\"\"

\"\"

\"\"

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »