Петар Печков
Објавено: петок, 22 септември 2017
Во текот на вчерашниот ден претпладне и Велес беше дел од глобалната акција за посветена на 21 септември , Светскиот ден на мирот, кога се одржа Маршот за чист воздух под мотото „Воздух за мир“. О2 Коалицијата за чист воздух, заедно со Првата детска амбасада во светот - Меѓаши и Скопје смог аларм, беа организатор на настанот кој во Велес го поддржаа Гимназијата,, Кочо Рацин,, и детските градинки ,,Димче Мирчев,,.
Проблемот со загадениот воздух на РМ е горлив. Поради загаден воздух во Македонија на годишно ниво умираат околу 3.500 луѓе. Од 10 најзагадени градови во Европа, три се македонски. Да прекинеме да бидеме на врвот на светските и европските листи само по лошо. Да покажеме дека знаеме и можеме да се справиме со проблемот. Здравата животна средина ни е гарантирана со Уставот на РМ. Без воздух, нема мир и ние нема да се откажеме додека нашите барања не се исполнат во целост! – пораката од организаторите.
Неколку стотини ученици и деца минаа по велешките улици за да испратат порака до сограѓаните, минувачите и ја подигнат свеста за чистиот воздух. Оти Велес се до 2005-тата додека работеше Топилницата, беше меѓу најзагадените градови во Европа, според квалитетот на воздухот.
фотографиите се на Детската амбасада Меѓаши
Tweet |