Петар Печков
Објавено: петок, 31 август 2018
И месец август реката Вардар низ Велес е со натпросечно ниво. Тоа е деветти месец по ред како водостојот е повисок од просечниот месечен.
Или за август ако просекот е 36 цм. сите 31 ден е повеќе од ова. Последниот ден месецов изнесуваше 50 цм, измерени во 7,30 ч. Имаше денови кога нивното беше и до 80 см.
Очигледно врнежливата година влијаеше на просекот на нивото на реката Вардар, кое непрекинато девет месеци е натпросечно.
Или барем до Удово до каде се мери нивото на реката има поволен водостој за учесниците на Вардарската регата која започна денес од Велес а учесниците ќе пловат до недела, до Удово.
Tweet |