речник контакт

И во велешка Болница се вршат прегледи за тироидна жлезда

Во ,,мој термин,, и во лабараторија можат да се извршат неопходнитe превентивни прегледи

Петар Печков

Редиците на велешани, кои минатата седмица чекаа на  ехо преглед за тиродината жлезда  го отворија прашањето, зошто толкава гужва, од  каде толкав интерес. Повеќето од заинтересираните беа жени, кои трепеливо  чекаа со часови на жешкото сонце.  

Поради гужвата во  одреден период на денот, мораше редот да го чува и полицијата. Прегледот го вршеа бесплатно  доктори  од Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина, при Медицинскито факултет од Скопје.

Сакам  да се прегледам и да ја искористам оваа можност. Досега не сум слушнала за ова заболување. Плус е бесплатно, па и  докторите се стручни, така што вреди да се почека.  Иако времето на чекање е долго - рече велешанка која заедно со пријателката, но и остатаните  трпеливо чекаше во редицата, пред зградата на велешки театар.

Тек тук, имаше и  по некој маж, но тие се  броеја на прсти. Дел  беа незадоволни што мораа да се вратат, оти не се прегледуваа лица над 50  години. Ова ја отвори  дилемата дали во Велес има можност  за  прегледи и  лекување на тироидната жлезда. Директорот на  Општа Болница Велес, потврди дека  во оваа здравстена институција има стручен доктор за оваа болест. 

Подолго време во нашата болница има доктор за тироидна жлезда. Тоа е д-р Марга Алчева, кај која секој пациент во ,,мој термин,, може да дојде на преглед, со плаќање на одредена партиципација.  Исто така во лабараторијата се прават тестови за вредности за тироидна жлезда   - изјави директорот Атанас Василев.  

Во текот на  бесплатните прегледи  на тироидната жлезда во Велес,  во мобилното возило на ,,Виолетовиот карван,, опремено со ехо  апарат беа прегледани околу 300 лица.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »