речник контакт

И во велешката болница ќе се протестира

Формиран е огранок на самостојниот синдикат на Клинички центар и другите болници во Македонија

Петар Печков

Во Велешката Болница е формиран  и конституиран огранок на самостојниот синдикат на Клинички центар и другите болници  во Македонија, а за негов претседател е избран д-р Димитар Стровјановски. Тие најавија дека ќе започнат од понеделник со протести, но во рамките на паузата, засега нема да штрајкуваат.

Во целост ги поддржуваме барањата  на колегите од Скопје и веќе в сабота ќе им се придружиме на мировниот марш во Скопје. Имаме повеќе од половината доктори  специјалисти кои се вработени во ЈЗУ Општа Болница Велес. Да потсетам дека и колегите, каде до вчера ние бевме  членови, на гранковиот синдикат  од Велес донесе одлука за поддршка на штрајкот. Индолентниот однос на надлежните од Министерството донесе до тоа, протестите да прераснат во штрајк. Бидејќи сме нови членови, засега ќе одиме со протест во времето кога има пауза. За оваа наша одлука го информиравме и директорот на Болницата – изјави д-р Димитар Стровјановски.   

Тој упати апел до пациентите да имаат разбирање за сегашната состојба и дека протестот ќе биде во време кога нема да го ремети редовното работење. Истовремено се заблагодари на пациентите кои во анкета при неодамнешната посета на Министерството со 96 отсто покажале дека докторите во велешкото јавно здравство,  добро си ја вршат работата и тие се задоволни од нив.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »