Петар Печков
Објавено: четврток, 21 мај 2020
На втората вонредна крводарителска акција, одржана денес, беа собрани 63 крвни единици, соопшти организаторот Општинскиот црен крст од Велес. Случајно, исто толку беа собрани и на првата вонредна кводарителска акција, одржана пред еден месец, на 15-ти април. Поголем дел од дарителите или 49 беа мажи, а останатите 14 се од женски пол. Во најхуманото семејство, како првократни крводарители денеска се впишаа пет лица.
Ниту пандемијата од Корона вирусот не ги спречи крводарителите од Велес и околните населени места и денеска да ја покажат нивната хуманост. Голема благодарност до нив - рече Орце Николов, секретар на ОО на Црвен крст Велес.
Акцијата се одржи во просториите на Ликовен салон, со почеток од 9 до 14 часот а беше организирана во соработка со Институтот за трансфузиона медицина .На крводарителската акција се применуваа мерките за безбедност поради вонредната состојба предизвикана од квоид-19. Во месец април забележани се 140 собрани крвни единици во одделението за трансфузиона медицина, што е невообичаено мала бројка за Велес, каде месечниот план е 155 крвни единици.
Tweet |