Петар Печков
Објавено: понеделник, 29 ноември 2021
Изминатата седмица 545 жители од велешко се вакцинирале против ковид-19 во пунктот во Уред. Тој работи од 8 до 14ч. и граѓаните може да се вакцинираат без термин, за прва доза, за втора согласно добиениот термин и трета доза, шест месеци по примањето на две дози од Фајзер или АстраЗенека, или три месеци по примањето на кинеските Синовак и Синофарм.
„Има помал број на вакцинирани споредено со седмицата пред измината, но сепак повеќе отколку што имаше претходно. Заради можноста да се вакцинираат што поголем број на граѓани, и во месец декември продолжуваме со дежурства во сабота во пунктот во Уред“- кажа д-р Марина Тодоровска координатор на вакцинацијата против ковид-19 во велешко.
Изминатата седмица прва доза вакцина против ковид-19 примиле 174 лица, втора 108 и трета 263. Од декември во пунктот ќе се работело само со вакцината „Фајзер“. До 21-ви ноември, опфатот со вакцинацијата во велешко бил 53,2%.Тука се вакцинираат граѓани од Велес, селата, но и соседните општини, Градско, Чашка и Лозово.
Tweet |