Петар Печков
Објавено: петок, 13 јануари 2017
Патниците кои ги користат услугите на Македонски железници се жалат на големи доцнења, ладни возови. Единствено на време и во загреани возови сообраќа локалот Велес до Скопје и обратно. Сите останатите се со големи задоцнувања и студени купиња.
Во четвртокот два и пол часа го чекавме возот за Битола, наместо во 14,30ч. дојде во 17 ч. Тој вечерниот и не тргна за Битола во 20.10.ч. Последниот воз во 22.33 е кочан студен, толку е ладно. За Кочани не сообраќа неколку дена. Едноставно мошне лошо. Треба некој од раководните да дојде да се вози, за да знае какви се условите – велат велешани кои ги користат услугите на МЖ.
Од таму информираа дека од денес е отворена чекалницата на железничката станица во Велес и таа прима патници. Патничкиот воз од и за Кочани во 17,33 и 5,00 ч. времено, поради студот и ниските температури е укинат. Најавуваат скоро негово враќање. Веќе една недела не сообраќаат доцните експрес возови до Битола и Скопје во 23.07 и 01.35 ч. Од МЖ –транспорт се извинуваат до патниците за неволјите со кои с е судруваат.
Работиме во екстремно тешки услови и се трудиме во границите на нашите можности, а и повеќе од тоа, да го одржиме редовниот железнички сообраќај за разлика од нашите авто-патишта и останати сообраќајници во Републикава. На вака екстремно ниски температури откажуваат влечните средства, вагоните замрзнуваат, скретниците замрзнуваат, пукаат шини, пукаат цевки, има завеани колосеци, завеани пруги и слично - наведува МЖ - Транспорт
Tweet |