Петар Печков
Објавено: среда, 10 април 2013
Откако неодамна внетрешната контрола на МВР соопшти дена полицаец доаѓал на работа дрогиран, сега потрда дека и војниците користат дрога.
Прилепчанецот Д.Д. е условно казнет за пуштање во промет наркотични дроги. Тој минатата година како војник доброволец во велешката касарна се обидел да внесе еден грам марихуана, но на влезната врата бил откриен и фатен.
Од непознато лице на 16-ти април лани за 300 денари купил 0,98 грама марихуана, но при извршениот претрес на влезот во касарната од страна на воените органи за безбедност, дрогата му е пронајдена и одземена. За ова дело во Основниот суд во Велес, изречена му е казна затвор во траење од 6 месеци, доколку во следните две години, не стори ново кривично дело.
Tweet |